Peticijaonline.com

Петиција до Министерството за животна средина за побрзо реализирање на проектот за изградба на фабрика за отпад

Г Грин.орг · MK

Градската депонија во Кочани директно влијае за зголемувањето на респираторните болести на кочанчани, покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје Кочани од минатата година. Покрај чадењето на депонијата која го загадува воздухот, тука е и исцедокот од депонијата кој завршува во подземните води со кои се наводнуваат земјоделските површини во кочанско. Ние , жителите на општина Кочани, Виница, Зрновци , Македонска Каменица бараме сериозност од институциите во однос на ова прашање и завршување на проектот Изградба на фабрика за отпад по европски стандарди. Бараме по Вашите ветувања тендерот за избор на градежна фирма да биде завршен во најбрз можен рок а фабриката да биде започната со изградба. Само така ќе докажете доследност пред граѓаните и грижа за здравјето на граѓаните на овие општини како и грижа за животната средина.

Сподели ја оваа петиција

Помогнете оваа петиција да добие повеќе потписи.

Вметнете ја врската во порака и испратете им ја на пријатели кои би можеле да потпишат.




Платено рекламирање

Peticijaonline.com ќе ја рекламира оваа петиција на 3,000 лица.

Дознај повеќе...

Изберете го вашиот буџет
Метод на плаќање
Метод на плаќање